Богата програма на СинтЕЗа, настан кој ги обединува уметноста, технологијата и науката

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес, 25 октомври, во Јавна Соба – Скопје ќе се одржи мултимедијалниот настан СинтЕЗа, организиран од Халкбанк. Овој уникатен неколкучасовен настан ќе ги обедини младите таленти од седум факултети на УКИМ, кои преку уметност, наука и технологија ќе ги споделат своите иновативни идеи и визии. Настанот ја слави креативноста и мултидисциплинарната соработка, и е отворен за сите љубители на културата и иновациите.

Програмата започнува со почеток од 16 часот со изложба на макети, истражувачки проекти и прототипови, каде студентите од архитектура, пејзажна архитектура и инженерство ќе ги водат посетителите низ нивните креации. Овие дела се плод на долгогодишна работа и посветеност, а изложбата од Факултетот за ликовна уметност ќе биде збогатена со звучна инсталација која доаѓа од талентираните студенти на музичките уметности, создавајќи синергија помеѓу визуелното и аудитивното искуство.



Во текот на вечерта, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во театарска претстава подготвена од студентите на драмските уметности, која ќе понуди уникатно сценско искуство. Покрај театарот, ќе има и танцов перформанс кој преку движење ќе го долови духот на креативноста, додека музичките перформанси ќе додадат енергија на целиот настан, завршувајќи со опуштен Jam session.

Во духот на младешката креативност, вечерта ќе кулминира со проекција на кратки филмови и динамичен DJ сет од DJ Denzell, кој ќе ги задоволи сите со својот музички избор.

Покрај тоа, Халкбанк ќе го претстави и пакетот Halk EZ (Halk Easy), создаден за модерниот, дигитално ориентиран млад човек. Со Halk EZ, младите добиваат мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка и низа дигитални услуги, како GarminPay и SmartCash, кои го олеснуваат секојдневното живеење.

Овој настан посветен на иновациите, уметноста и технологијата е од отворен карактер, со слободен влез за сите љубопитни и креативни души.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK