Бочварски во посета на Пробиштип и Лозово: Силна подршка за општините за да можат да се развиваат, граѓаните ни се во фокусот

Бочварски-во-посета-на-Пробиштип-и-Лозово-Силна-подршка-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обезбедување на подобри услови за живот, урбаниот развој и градењето на квалитетна патна мрежа се нашите приоритети на кои активно работиме насекаде низ општините. Владата останува најголемиот поддржувач и инвеститор во општините реализирајќи голем број инфраструктурни проекти со кои го подобруваме животот на нашите граѓани, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Пробиштип.


Тој заедно со градоначалникот Анастасов извршија увид во градежните активности на улицата Христијан Тодоровски Карпош која се реконструира со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување со локални улици и патишта.

„За реконстуркција на локалната патна мрежа во Пробиштип, преку Министерството за транспорт и врски инвестираме над 800 илјади евра, многу значајни средства за локалната самоуправа. Извршивме увид во реконструкција на ул. Христијан Тодоровски Карпош, инвестиција вредна речиси 10 милиони денари, каде во овој момент се работи на поставување на потпорни ѕидови во должина од 140 метри. По завршување на изградбата на потпорните ѕидови, ќе се пристапи кон проширување на улицата и изградба на нови тротоари, со што улицата ќе добие нов лик, а на граѓаните ќе им овозможиме зголемена безбедност при движење по овој дел од градот. Минатата недела во Владата, со градоначалникот Анастасов го потпишавме и Договорот за реконструкција на улицата Тодор Александров, каде повторно централната власт се јавува како поддржувач со средства во висина од речиси 17 милиони денари. Сите овие инвестиции и проекти ги работиме за нашите граѓани, за подигнување на квалитетот на живот, за развој на локалните средини.“ – изјави министерот Бочварски.

„Пробиштип се развива, имаме силна поддршка од централната власт, на регионално и локално ниво. Работиме активно како што гледате дури и на 25 декември, реконструкцијата се одвива со добра динамика. Сакам да најавам дека наредната година ќе започнеме и со реконструкција на ул. Тодор Александров, уште една многу значајна улица за граѓаните.“ – истакна градоначалникот Анастасов.

Министерот Бочварски исто така ја посети и кон општина Лозово, каде изврши увид и во градежните активности на реконструкција на главната улица населеното место Аџиматово, проект исто така што се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Во рамките на посетата на Аџиматово, оставри средби и со локалното население. Во општина Лозово преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта се инвестирани над 580 илјади евра, а до сега се реконструираа вкупно 23 локални улици и патишта во општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK