Бочварски-Тасевски: Административните постапки во М-НАВ да не влијаат на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава

Бочварски-Тасевски-Административните-постапки-во-М-НАВ-да-не-влијаат-на-нормалното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево остави работна средба со претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски.



На средбата министерот Бочварски побара од Синдикатот да не ја спроведуваат одлуката за прекин со работа од причина како што објасни министерот, административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава.

Тој се заблагодари за разбирањето и подготвеноста на Синдикатот, интересот на граѓаните и државата да се стават во прв план.

Тие ги потврдија заложбите на Министерството и Синдикатот за надминување на оваа состојба и потенцираа дека доследно ќе се придржуваат кон Спогодбите од договорот од месец октомври меѓу менаџметот на М-НАВ, Синдикатот и Министерството за транспорт и врски како посредник за надминување на состојбите во Друштвото.

Она што се согласни министерот Бочварски и претседателот на Синдикатот е дека во наредниот период во постапките за сите јавни огласи за нови вработувања во делот на оперативниот кадар, ќе биде вклучен и Синдикатот, како пракса во насока на подигнување на повисоко ниво на човечкиот и техничкиот капацитет на М-НАВ.

Средбите меѓу засегнатите страни ќе продолжат и понатму за подобра координација и подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања.

На крај на средбата министерот Бочварски му се заблагодари на претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски како дел од оперативниот кадар на М-НАВ за посветеноста во работата и успешната година во делот на воздухопловните операции и рекордна бројка на превезени патници во ависообраќајот во Северна Македонија, особено за успешната поддршка за реализација на Министерскиот самит на ОБСЕ 2023 го Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK