Бочварски од Струмица: Преку 2 милијарди евра инвестиции во изградба на патишта, железници, гасоводи, водоводи и канализациони системи

Бочварски-од-Струмица-Преку-2-милијарди-евра-инвестиции-во-изградба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преку 2 милијарди евра во моментов инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и бројните проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти кои носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица.



Бочварски заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, извршија увид во инфраструктурните проекти што се реализираат во општината.

При посетата на населеното место Градско Балдовци, министерот Бочварски истака дека преку Министерството за транспорт и врски се гради 10 километри комунална мрежа со вкупна инвестиција од 1,3 милиони евра.

Тие извршија увид и во реконструкција на локална улица, која се реализира преку Министерството за транспорт и врски во висина од 18,7 милиони денари.

Градоначалникот Костадин Костадинов потенцираше дека со капиталните инвестиции Струмица станува економски центар во државата.

„Реализацијата на проектите по барање на граѓаните е невозможна без поддршката од централната власт, изјави Костадинов, градоначалник на општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK