Бочварски: Експресниот пат Градско-Дреново е дел од визијата на СДСМ за патишта наместо барокни фасади

Screenshot-2025-01-14-143154.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани. Без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните, вели пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски и поранешен министер за транспорт и врски.


Експресниот пат Градско – Дреново 15,5 километри, до месец мај 2024 година беше започнат од владата на СДСМ и завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај. Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пелагонискиот регион, потенцира пратеникот на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK