Бизнисменот Чедомир Радомировиќ вчера со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и чаура покрај неговото тело.
Од МВР потврдија дека 67-годишникот бил најден мртов околу 19 часот, покрај паркиран автомобил марка „лексус“ со скопски регистрации и крвавел во пределот на главата.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ каде им подлегнал на повредите“.
Засега нема информации дали се работи за убиство или самоубиство.
Радомировиќ е основач на фирмата „Техноком“ и на „Радо банка“ која пропадна во 2005 година поради неликвидност.