Бизнисмен од Штип крадел струја: манипулирал на сите три фази на броилото


Screenshot-2025-11-17-115116.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тимот на Електродистрибуција специјализиран за откривање неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип, известуваат од Електродистрибуција.


Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип, манипулација на сите три фази на броилото, велат од Електродистрибуција.

Од таму додаваат дека е направен записник за неовластено користење и дека е поднесена Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.

Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK