Битиќи се сретна со новиот раководител на ЕБОР, Фатих Туркменоглу

Битиќи-се-сретна-со-новиот-раководител-на-ЕБОР-Фатих-Туркменоглу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со новиот раководител на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу.


На работниот состанок се разговараше за портфолиото на проекти на ЕБОР кои се реализираат во државата, а се поврзани со развојот на инфраструктурата, која има клучно значење за севкупниот економски и социјален развој. Стана збор за Коридорите 8 и 10, железничката инфраструктура, но и за изградбата на пречистителна станица за градот Скопје.

На средбата, меѓу другото, се разговараше и за финансиските можности кои ЕБОР заедно со Владата ги нуди за инвестирање во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, особено за малите и средни претпријатија и ранливите групи на граѓани во државата. Притоа, стана збор и за можноста за продлабочување на понатамошната соработка во насока на развивање на климатски отпорна инфраструктура во Северна Македонија.

Заеднички беше оценета важноста преку поволни финансиски и кредитни линии приватниот сектор уште повеќе да биде вклучен во засилената енергетска транзиција на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK