Битиќи од Вашингтон: Заедничките политички интереси со САД отвораат нови потенцијали за економскиот раст и развој на Македонија

Битиќи-од-Вашингтон-Заедничките-политички-интереси-со-САД-отвораат-нови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Македонија ја ужива целосната поддршка на САД за нејзините стратешки политики за полноправно членство на земјата во ЕУ, изјави Зменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи како сублимат на неговиот престој во САД каде се сретна со високи претставници на Стејт департментот, Департментот за трговија и Департментот за финансии на САД, како и со претставници на Светската банка и ММФ.



„Заеднички беше оценето дека европска интеграцијата, не претставува само за усогласување со збир на политики, туку се работи и за прифаќање на иднина која ќе донесе многу повеќе можности за просперитет и напредок за секој од нас во Северна Македонија. Во нашите европски аспирации кои ги зајакнуваат идеалите на демократијата и просперитетот имаме силна поддршка од Вашингтон, но одлуката дали ќе изградиме држава која ќе ги отелотворува европските вредности ќе треба да се донесе од пратениците во Собранието на Република Северна Македонија“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава го потенцираше признанието и охрабрувањето на американските власти за нашата забрзана енергетска диверзификација и транзиција кон обновливи извори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK