Битиќи-Агелер: Неопходно е државата да го задржи европскиот стратешки правец

Битиќи-Агелер-Неопходно-е-државата-да-го-задржи-европскиот-стратешки-правец.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, остварија средба со претставници на Евро–Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

На средбата заеднички беше констатирано дека полноправното членство на Северна Македонија во НАТО,ќе обезбеди сигурност и стабилност.

Во контекст на евроинтегративните процеси на земјата заеднички беше оценето дека членството во НАТО игра клучна улога, покажувајќи посветеност на земјата кон демократските вредности, стабилноста и меѓународната соработка, што е од суштинско значење за полноправното членство во ЕУ.

Се афирмираше и ставот дека е неопходно Северна Македонија да го задржи европскиот стратешки правец, како единствен кој промовира мир и води кон просперитет на целокупното општеството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK