Binance Alpha ги носи раните крипто можности до корисниците во Македонија


Binance Alpha Picture1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Binance, најголемата крипто берза во светот според обем на тргување и број на корисници, ја проширува достапноста на Binance Alpha, иновативната платформа за откривање на рани Web3 проекти. Интегрирана директно во Binance Wallet, Binance Alpha им овозможува и на корисниците во Македонија и на целиот Балкан да истражуваат токени со висок потенцијал уште пред да станат дел од поширокиот пазар.

Binance Alpha функционира како зона за селекција на токени во фаза пред листирање на берза, создадена за да овозможи поголема транспарентност околу проектите кои имаат потенцијал да бидат разгледани за идно листирање на Binance. Иако нема гаранција за листирање, токените што се појавуваат на платформата поминуваат селекција според побарувачка од заедницата, развој на проектот и усогласеност со трендовите во индустријата, што им овозможува на корисниците рано да ги забележат идните Web3 иновации.


Платформата воедно го менува начинот на кој корисниците пристапуваат до Web3. Преку ончејн откривање и тргување директно во Binance, повеќе не е потребен посебен крипто паричник или плаќање на надоместоци за извршување трансакции на блокчејн, елиминирајќи ги честите бариери како сложени интерфејси и високи трошоци.

Со ексклузивни TGE (евенти за генерирање на токени) и airdrop-и, Binance Alpha им нуди можност на корисниците да учествуваат рано и да добијат награди. Воведувањето на Alpha Points, кои ги наградуваат активните корисници, значително го зголеми интересот и волуменот на тргување, обезбедувајќи поправедна распределба кај новите листирања.

До октомври 2025, Binance Alpha има лансирано 221 токен преку airdrop-и, TGE-и и Booster програми. Речиси 48% од нив подоцна се појавија на Binance Futures, а 17% стигнаа до Binance Spot. Најуспешните TGE-и вклучуваат MYX, со рекордни исплати до 9 053 американски долари по корисник, и RION, а првиот ден достигна 353 американски долари по корисник. Најзначаен airdrop беше STBL со историски максимална вредност од 2.412 $.

За корисниците во Македонија, пристапот до Binance Alpha бара ажурирање на апликацијата на верзија 2.93.0+ и активирање на Binance Wallet. Токените се прикажуваат во ограничени 24-часовни рунди, овозможувајќи истражување, учење и учество на безбеден начин.

Binance истакнува дека Alpha е образовна иницијатива, а не финансиски советник, и ги охрабрува корисниците секогаш да спроведат сопствено истражување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK