Билатерални средби на директорот Јанев со неговите колеги од Италија, Канада и Црна Гора

aleksandar-janev-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, директорот Александар Јанев вчера во текот на последниот работен ден на Конвенцијата на шефовите на полиции што во организација на Европол и Унгарското претседателство на ЕУ се одржа во Хаг, Холандија, а во рамки на интензивните билатерални контакти и средби се сретна и со шефовите на полициите на државите Италија, Канада и Црна Гора.


На средбите покрај анализата на досегашното ниво на соработка како во склоп на мултилатералните полициски ангажмани така и на билатерално рамниште, беа разгледувани и потенцијалите за интензивирање и продлабочување на соработката. Особено во контекст на исклучително актуелните подрачја на полициско делување како што се борбата против организираните криминални групи, активни во регионот, но и на меѓународно ниво; исто така, околу организациско-техничката надградба и унапредување на капацитетите на нашата полиција во насока на поефикасно и поквалитетно функционирање што би значело и подобрување на безбедноста на граѓаните.

Како тема на средбите беше и иницијативата за модернизација на полициското работење, односно дигитализација на одредени оперативни процеси (воспоставување на нови системи за управување со случаи и управување со документи) и воведување на иновативни методи за справување со растечките предизвици од сериозниот и организиран криминал, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK