Без вода денеска делови од Центар и Гази Баба


bez-voda-960x640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради промена на вентил на кеј 13 Ноември бб – објект на Комерцијална банка, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата 13 Ноември, општина Центар.


Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работата.

Денеска исто така поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Пиринска бр. 49, во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче лоцирани на потегот од ул. Ленинова до ул. Орце Николов.

Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради реконструкција на водоводна мрежа од ф – 250 мм на ул. Методија Андонов Ченто – кај Макпетрол, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на реконструкцијата без вода ќе останат дел од корисниците од населба Ченто, општина Гази Баба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK