Без плата, без здравствено и со возило старо 38 години, вработените во Национални шуми 11 дена се борат со огнот на Серта

vozilo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Без здравствено осигурување, со плата која доцни и не им е исплатена од мај годинава, вработените во Национални Шуми на чело со раководителот од Демир Капија, Слободан Чапов со денови преморени се на планината Серта која постојано гори и на која се појавуваат нови жаришта. За да биде состојбата уште потажна за да го изгаснат огнот овие луѓе дојдоа со возило старо 38 години. Жалната слика за состојбата и условите во кои работат  ја сподели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.


„Ова возило е од 1986 година, значи старо е 38 години. Веќе 11 дена се бориме со огнот и иако сме преморени, ќе останеме овде до последниот дим. Нема да се откажеме. Немаме здравствено осигурување, немаме земено плата од мај, но имаме желба да помогнеме и не си одиме додека не го изгаснеме огнот“, вели Чапов.

Директорот на ЦУК, Ангелов прашува дали во 2024 година треба со вакво возило кое е корозирано и старо да се гасат пожари и додава дека овој автомобил треба да е во музеј како олдтајмер, а не на терен.

И покрај обидите да се изгасне пожарот на Серта, таму постојано се појавуваат нови жаришта, а на ова место останаа апокалиптични слики.

Овие луѓе кои очигледно надлежните ги подзаборавиле, не ја губат волјата да бидат хумани и да го спасат она што остана од Серта.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK