Без налог инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа и извршија масакр врз птиците, велат од скопската зоолошка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопската Зоолошка градина се огласи со соопштение.



„Од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, пишува во соопштението на Скопската зоолошка.

Претходно, поранешниот директор на институцијата, Ѓорѓи Галетановски, на ФБ објави дека е најдена смртоносна бактерија.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје“.

Наскоро очекуваме став и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK