​Бесплатно ранче за сите 612 првачиња од општина Кисела Вода

3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

612 првачиња од утрово за прв пат седнаа во училишните купи во основните училишта низ Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на приемниот час во ООУ “Партенија Зографски” и во ООУ “Рајко Жинзифов” каде ги поздрави учениците и нивните родители и од каде започна делењето на бесплатните ранци со училишен прибор. Проект “Ранче за секое прваче” кој започна од Општина Кисела Вода пред три години, успешно функционира и им овозможува на сите семејства кои имаат првоодделенец со радост да го започнат наставниот процес, ослободени од финансиски грижи поврзани со потребите за наставата.


-Убаво е чувството да се биде дел од првиот училишен ден на првачињата, кој е исполнет со многу радост и возбуда. И оваа година се потрудивме дополнително да ги израдуваме со бесплатни ранци и училишен прибор кој им е потребен за следење на наставата. Трета година по ред овој наш проект претставува финансиско олеснување на семејствата кои имаат првоодделенец и за кои првиот училишен ден ќе им остане во сеќавање само по насмевките и среќата на нивните деца. Образованието е најважниот столб во животот на секој човек и затоа ние, како општина и јас како градоначалник правиме се’ на нашите ученици да им овозможиме најдобри услови да ги остварат своите потенцијали. Во таа насока, во текот на учебната година ќе реализираме бројни проекти кои ќе овозможат стимулативна средина и еднакви услови и можности за сите деца-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во изминатиот период Општина Кисела Вода ги опреми сите училишта на своја територија со смарт уреди. Во учебната 2024/2025 година, во оваа општина се запишани 5400 ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK