Бесплатно членување во спортски клубови на децата од социјално ранливи групи и училиштен прибор и ранче за секое прваче од ранлива категорија

prvace-prvoodelenec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бесплатно членување во спортски клубови и бесплатно ранче со училиштен прибор за децата од ранливите групи – ова се двата амандмани од советничката група на Левица, кои беа едногласно прифатени на 42-та седница на Советот на Општина Битола.

Oпштината  ќе преземе целосна одговорност за субвенционирање на бесплатно спортување во локалните спортски клубови во општината на децата кои доаѓаат од социјално ранливи групи, како што се:

– децата од семејствата – приматели на социјална парична помош;
– децата без родители и родителска грижа;
– децата корисници на посебен и детски додаток;
– деца на самохрани родители;
– деца на родители со инвалидска пензија…

Според Барањето на Левица, за субвенционирање на бесплатно спортување во локалните спортски клубови во општината на децата кои доаѓаат од социјално ранливи групи, од буџетот на Општина Битола треба да се издвојат средства во износ од 200.000 денари од Програмата за спорт до крајот на тековната 2024 година, а од наредната година треба да се формира буџет за оваа категорија на лица кој континуирано ќе се процесуира низ годините.

Како втор амандман е обезбедувањето на училишен пакет за децата од ранливите категории, со цел да им се овозможи на родителите финансиско олеснување. Овој пакет ќе содржи анатомски ранец и тетратки за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Според Барањето на Левица, училишниот пакет треба да биде во вредност од 6000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK