Бесплатни тестови за рак на простата во „Железничар“: капка крв може да го смени животот на мажите над 45 години

Screenshot_14-11-2024_132554_www.facebook.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој четврток до крајот на овој месец во здравствениот дом „Железничар“ во центарот Скопје мажите над 45 години можат да направат бесплатен ПСА тест за откривање рак на простата. Здравствениот дом денес се приклучи на светската кампања за подигнување на свеста за машкото здравје „Грижи се за себе“.


„Денес тука превентивно се испитува еден протеин, ПСА, за мажите кои се во ризична група за развивање карцином на простата. Се работи за возраст над 45 години. И јас и земник-министерот сме во ризична група па дојдовме да се испитаме. Со ова сакаме да порасне свесноста кај луѓето за дека треба да се испитуваат и да ги натераме нашите граѓани што повеќе да одиме на превентива да ги откриеме што порано болестите кои се развиваат во понапредната возраст кај мажите. Секој четврток од 12 до 14 часот ќе се испитува бесплатно за сите граѓани во ризична група, возрасни мажи над 45 години“, рече министерот за здравство Арбен Таравари кој меѓу првите денес го направи тестот заедно со заменик – министерот Јовица Андоновски.

Директорот на „Железничар“ рече дека интересот за тестирањето е многу голем, а се тестираат не само скопјани туку и пациенти од други градови.

„За дваесетина минути се прегледани повеќе од стотина граѓани. За два часа очекуваме да бидат прегледани околу 400. Здравствениот дом ‘Железничар’, како најстар здравствен дом во државата, се приклучи во глобалната кампања за поттикнување на свеста за заштита  на машкото здравје со бесплатни ПСА скрининг тестови за машката популација постара од 45 години. Оваа прилика ќе ја искористам директно да им се обратам на мажите, една капка крв може да ви го промени животот. Секој превентивен преглед е важен. Прегледајте се, превенирајте и заштитете се. Само така ќе имаме здрава популација, здрава држава“, рече директорот на Здравствениот дом „Железничар“.

Пулт за земање крв за тестот ќе биде поставен пред влезот на „Железничар“ на 21 и на 28 ноември, во периодот од 12 до 14 часот.

Министерот Таравари најави дека за следната година ќе размислуваат бесплатното тестирање да се рашири и во други градови од земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK