Бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение во Аеродром

tableti_Final.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Втора година по ред, Општина Аеродром обезбеди бесплатен таблет уред за секој ученик кој посетува настава во четврто одделение во некое општинските основни училишта.


За ова информираше градоначалникот на општината Тимчо Муцунски преку својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека со овој проект се создаваат услови за непречено одвивање на наставата, но и директна помош за учениците во совладувањето и правилното користење на новите технологии.

„Особена чест ми е што оваа мерка се реализира и оваа година, во услови кога владата не може да обезбеди учебници за почеток на учебната година, кога не гледаме никакви инвестиции во образовната инфраструктура и сведочиме на стагнација во образованието и науката. Од 1-ви септември, сите ученици во Општина Аеродром ќе ја почнат наставата во реконструирани објекти, со нови униформи, таблет уреди, како и најсовремени услови за спорт и рекреација.“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот Фејсбук профил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK