Беса: Фирмата „Еуровиа“ што го доби тендерот има зголемување за над 100 проценти на приходите во последните две години

1693484223_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деловниот однос на ДУИ со компанијата што го доби тендерот од 1 милион и 800 илјади евра е очигледен и тоа јасно го докажуваат приходите и профитите на предметната компанија во последните години, изјави Хасим Муртезини од Движењето Беса.


Тој рече дека се работи за фирма, која според официјални податоци, во последните две години, во 2021 и 2022 година, има зголемување за повеќе од 100 проценти на прометот на приходите, односно сериозно зголемување на годишната добивка.

Според партијата, нема човек кој би поверувал во изјавите на министерот Бујар Османи, дека тој навистина не бил свесен дека компанијата која доби тендер од 1 милион и 800 илјади евра е донатор на ДУИ.

Движењето Беса ги повикуваа сите надлежни органи почнувајќи од Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија и Државната Ревизија, веднаш да започнат со испитување и детално разгледување на тендерската документација за да се открие вистината. како од сите пријавени фирми тендерот од 1,8 милиони евра го добила токму фирмата донатор на ДУИ.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK