Беса Адеми нема да оди во Судски совет

Беса-Адеми-нема-да-оди-во-Судски-совет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, нема да се појави во Судскиот совет, каде  што е повикана поради пишувањата во јавноста дека се вршат политички притисоци врз судиите, a причината ќе ја образложи преку соопштение.


Претходно, Судскиот совет објави дека се загрижени поради обвинувањата за притисоци на највисоките судии во државата.

„Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко“, истакнаа од Судскиот совет.

Работна средба беше закажана денеска во 11 часот во просториите на Судскиот совет.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK