По десет месеци за првпат годинава во Зрновци се роди бебе.
На бебето му е дадено името Мартин и е петто дете, воедно и петто момче на неговите родители Тања и Горан Атанасови.
Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев ги посети мајката и бебето во болницата каде што најави поддршка од локалната самоуправа за семејството.
Породувањето го извршил единствениот гинеколог во Општата болница во Кочани.