Дел од семејствата на загинатите бранители од 2001 година на конкретно од 15-ина семејства како и десетина воени инвалиди до ден денес останаа необесштетени. Од страна на „Достоинство“ во неколку наврати се преземени иницијативи и кон законодавниот дом почнувајки од 2008 година кога предложивме нов закон за бранители, закон за посебни права на бранители кој за жал тогаш не помина, вклучително и неколку иницијативи до Владата. Ова го соопшти претседателот на „Достоинство” Стојанче Ангелов и рече дека минатиот декември до Владата е поднесена и иницијатива за надминување на овој проблем со кој се нуди решение за обештетување на нивните семејства.
„Се до денес оваа иницијатива не е разгледана, Владата ја нема отфрлемно, но ниту прифатено. Од разговорите кои ги имав со премиерот Ковачевски од него добивме поддршка, за жал проблемот е во политичката партија ДУИ, иако на една од коалициските средби лидерот Али Ахмети најави дека ќе се најде решение“, посочи Ангелов.
Како што додаде избработен е предлог закон од нивна страна кој нуди решение за овој проблем.
„Бараме за семејствата на загинатите бранители да се обесштетат 70 ооо евра надомест за нематеријална штета и бараме по 50 000 евра за 100 процентен воен инвалидитет“, додаде Ангелов.
Тој бара и поддршка од пратениците, да се потпишат на овој предлог и законот за иницијативата да влезе во собраниска процедура.
„Очекувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дадат целосна поддршка. Пред нецел месец почина Живко Божиновски од Битола, татко на запален полицаец кај Вејце од срцев удар. Да не дозволиме да испоумрат родителите на загинатите бранители коишто се уште не се обештетени“, заврши Ангелов.