Денеска во собраниска процедура дадовме предлог за измена на законот за игри на среќа, одамна инициран од Алијансата за Албанците, со кој се предвидува затворање на објектите за игри на среќа во нашите населени места и нивно функционирање само во хотели со 5 ѕвезди, појаснува во информацијата, Елми Азири, заменик кординатор на Европски Фронт.
Со предлогот, како што вели, се предвидува и зголемување на данокот за реклами кои ќе завршат на сметката на општините.
Со овој закон, според Азири, конечно се решава проблемот со казината, обложувалниците и другите објекти за игри на среќа кои кај нас станаа вознемирувачка појава.
„Коцкарниците ќе бидат отстранети од училиштата, градинките, ќе бидат отстранети и од населбите, селата и градовите, од нашите домови и ќе работат само во затворени објекти, хотели со пет ѕвезди каде што ќе биде невозможно да присуствуваат малолетници, како и граѓани кои доаѓаат од ранливи социјални категории. Ја повикуваме коалицијата „Влен“ да го поддржи овој закон и да го условува парламентарното мнозинство да го стори истото, како што ветија во предизборната кампања“, истакнува Азири.