Автобусите на ЈСП денеска ќе возат по неделен возен ред

jsp_453453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска автобусите ќе возат по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.



На ден 28 август, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

– Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу, известуваат од ЈСП Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK