Астрит Исени ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи

Astrit-Iseni-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи.


Со преземање на функцијата, заменик министерот ја изрази својата длабока и максимална посветеност во неговата работа и неговиот придонес во држување на јавниот ред и мир, со цел нашите граѓани да се чувствуваат заштитени и безбедни, се истакнува во соопштението.

,,Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани“, нагласи Исени.

„Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето и унапредувањето на услугите што ги нуди Министерството за внатрешни работи, одржувањето на јавниот ред и мир, блиската соработка со другите институции и со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносни прашања”.

Заменик министерот ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни своите должности во соработка со неговите соработници, како и со сите заинтересирани страни за постигнување на заеднички цели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK