Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“, Насер Цури, денеска потпишаа Меморандум кој ќе овозможи соработка меѓу двете институции, како и координација, планирање и реализирање на заеднички проекти и активности од неколку области меѓу кои грижа за ранливите категории, култура и образование.
Соработката меѓу Град Скопје и НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза“ е одлична нова можност за реализација на бројни активности кои произлегуваат од Скопје, Европска престолнина на културата 2028, велат од Град Скопје.
Градот Скопје, според соопштеното, ја освои престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година, признание за целокупниот труд што го вложуваме и кое претставува извонредна можност за трансформација на нашиот град која ќе остави траен белег.
„Во периодот што е пред нас, посветено ќе се работи на реализација на проектите од областа на културата, со градските и националните културни институции’“, истакна Арсовска.