Апсолвирано е дека изборите ќе бидат редовни, а во врска со уставните измени не сакам Северна Македонија да се најде во друштво на БиХ и Косово, вели Ковачевски

Апсолвирано-е-дека-изборите-ќе-бидат-редовни-а-во-врска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски дециден во врска со тајмингот за изборите.


„Во однос на изборите имаме јасен став и тој е аспсолвиран, дека ќе бидат редовни. Во однос на тајмингот тоа е нешто за што може да се разговара. Во однос на тоа во кој месец ќе бидат, тоа е во согласност со роковите во Собранието и тука треба да седнат преставници на политичките партии на работно ниво, кои ќе разговараат за деталите“, порача Ковачевски.

Околу изјвата на шефот на државата Пенадровски за уставните измени, Ковачевски рече дека тој е докажан евроатлантист.

„Дека процесот на обезбедување на двотретинско мнозинство ќе биде тежок, се знаеше уште на самиот почеток, исто како што беше со Преспанскиот договор. Треба да му се остави простор на ваков процес. Ова се одлуки кои за жал, секогаш некој во политичкиот спектар сака да ги искористи за свој личен ќар, да игра на емоциите на граѓаните, да игра на популизам, нешто што ќе му донесе личен или партиски бенефит на некои претпоставени избори. Политичари кои се водени од личен интерес, не можат да направат ништо за својата држава. Од нас сега зависи дали Албанија ќе оди пред нас, како што Хрватска отиде пред нас“, рече премиерот.

„Не сакаме другите земји од регионот да отидат пред нас. Ги имаме Албанија, Црна Гора и Србија што преговараат и не би сакал Македонија да се најде во друштво на БиХ и Косово во делот на преговорите со ЕУ. Земја која што е лидер во европските интеграции во моментов и членка на НАТО треба да биде во друштво на другите земји во делот на пристапување“, вели Ковачевски

Доколку уставните измени не бидат усвоени, Ковачевски предупредува на „изолација, чекање, блокади и на крај повторно седнување на маса и размислување како да се заврши процесот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK