Апасиев: Требало да пишете Република Северина Македонија оти го изду*ивте народот

sobranie-apasiev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најзалудно потрошени четири часа од мојот живот беше читањето на програмата на мандатарот Христијан Мицкоски и биографиите. Ова го изјави во Собранието, лидерот на Левица, Димитар Апасиев.


„Она што го имаме уште на првата страна сѐ ми кажа, еве нека види јавноста, во три реда, на пет места пишува ‘Република Северна Македонија’“, рече Апасиев.

Додаде дека по она што ВМРО-ДПМНЕ му го направила на народот во предизборието, требало да додаде и едно „и“ во името, па државата да биде Република СеверИна Македонија“.

„Го изду*ивте народот со тоа што му го ветувавте на избори“, додаде Апасиев.

.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK