Апасиев најави дека ќе се кандидира во првата изборна единица кај Ковачевски и Мицкоски

Апасиев-реизбран-за-претседател-на-Левица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев најави дека на претстојните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица, каде ќе си ги измерат силите со претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.


 

Апасиев информацијата ја сподели на „Фејсбук“.

„Таче и Мицко ќе се кандидирале у КЕЦОТ. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у КЕЦОТ“, напиша Апасиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK