На социјалните мрежи лидерот на Левица Димитар Апасиев бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани.
„После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зошто и Министерството за внатрешни раноти, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со дискошталата.
Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителска дејност (Сл. весник на РМ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир + за безбедност во сообраќајот [паркинг и сл.].
Но, покрај оваа изрична законска надлежност, Министерството со кое раководи Панче Тошковски – во јавноста попознат и како „адвокатот на урбаната мафија“ – има и дополнителни ингеренции за дискотеки и кабариња – и тоа:
– проверка на работно време;
– проверка на пиротехнички средства;
– проверка на гласност и бучава;
– проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол);
– проверка на наркотични супстанци и др.
Така да, министре – и да не сте директно кабает со непосредна вина, во крајна линија имате политичка и правна одговорност за овој случај, затоа што вие сте министер од јануари 2024, а фалц-лиценцата е обновена во март 2024 – што значи токму во времето на Вашето министерување“, пишува Апасиев.
Оттука, како што додава, според него смената на командирите и началниците на СВР и ОВР „не е доволна и е жртвување пион за кралица. Потребно е да покажете доблест и да си поднесете неотповиклива ОСТАВКА од морални причини“, нагласува Апасиев.