Анима Мунди: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

3-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат кој стрела по живи мети, сакати и убива со оружје – воздушна пушка за коjа, согласно евиденцијата на куршумите, мора да се поседува дозвола и да биде регистрирано. Еден мачор стрелан кој со последни сили, избезумен се вратил во својот двор, со раскината нога до карлица/колкот која морала да му се ампутира веднаш за да се спаси; другата мачка погодена во гради, распрснат куршум за која е интервенирано веднаш, и која има невидена среќа во несреќа што е жива“, велат од Анима Мунди.


„Во полициска станица Чаир е пријавено веднаш од страна на сопстениците кои се решени да одат до крај и стрепат за животот на своите животни. Вакво дело може да направи само безумен човек, садист и монструм, кој е неопходно итно да биде идентификуван и затворен, спречен да продолжи и понатаму.

️Нагласуваме – со ова оружје може да се осакати и убие човек, дете, животно и покрај вакви индивидуи никој жив не е безбеден на улица! Бараме максимална посветеност на МВР, вештачење на куршумите кои се доказ и начин да се истражи и фати сторителот и затвори!
Кој од чиста мира злоставува животно е општествена закана, и истото утре ќе го прави и на луѓе, деца, на секој што е послаб од него. Повторуваме, трагата е во остатоците од куршумот зошто за ова оружје е неопходно да се поседува дозвола.

Злосторството врз животни е општествена аномалија и мора да се препознава како такво, за да се превенира во иднина, а секој слушај да не биде само пријава што ќе заврши во фиока, туку најстрого да казни. Дека суровоста кон животните е една од карактеристиките која редовно се јавува во компјутерските досиеја на сериските силувачи и убијци констатира ФБИ, криминологијата, социопатологијата, психијатријата. Игнорирањето на овие деликти мора да запре. Бараме лична заложба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за процесирање и завршница по ваквите и слични настани, кои во Македонија се секојневие.

Анима Мунди најавува иницијатива за измена на Кривичниот закон со која бараме драстично зголемување на санкциите предвидени со член 233, воведување на нови класификувани форми за извршување на делото мачење животни како и регистар на лица кои на каков било начин злоставувале животно. Иницијативата е усогласена со нашите потреби, и најдобрите европски практики и ќе биде доставена до ресорните органи за 2 седмици, и за истата очекуваме силна јавна и институционална поддршка“, се наведува во соопштението на Анима Мунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK