Ангелов со порака до граѓаните кои планираат да заминат во викендичките за продолжениот викенд

angelov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граѓаните кои планираат претстојниот продолжен викенд да го поминат во своите викендички да бидат внимателни, апелира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.


Доколку знаат дека во нивна близина има пожар, тие не треба да одат во своите викендички или треба да појдат само со цел да изработат противпожарни појаси околу нивните куќи кои ги користат за одмор.

„Состојбата е сериозна, иако воспоставивме делумна контрола некои пожари се’ уште можат да бидат опасни и да загрозат села и викенд населби“, рече Ангелов, додавајќи дека приротет е, сепак, да се спречи да дојде до тоа.

Ангелов објави дека во државата веќе е пристигната странска помош. Присутни се хеликоптери од Србија и Чешка, се чека еден хеликоптер од Словенија, два ер трактори од Шведска, два од Германија и тим од Унгарија со 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила.

Денес беа регистрирани 20 пожари на отворени, а 10 се’ уште се активни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK