Ангелов: Крстот нема да падне

Ангелов-Крстот-нема-да-падне.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Центарот за управување со кризи и прв човек на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов, изјави дека крстот на Попова Шапка нема да падне, откако Општина Тетово објави дека е донесена одлука за негово уривање.


„Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред.
Во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот. Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“, вели Ангелов.

Како што додаде, најавениот протест против крстот на Попова Шапка кој треба да се одржи во очи на нова година, во петок во Тетово, меѓу другото ќе покаже колкумина наши сограѓани Албанци ќе покажат непочит кон нас православните Македонци. Ангелов се надева дека нивниот број ќе биде мал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK