„Благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна, пожарите се целосно изгаснати“, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
-Благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна на повеќе места во државава и притоа ги поклопи без малку сите активни пожари, пожарите се целосно изгаснати“, посочи Ангелов и додаде:
„Вчера имавме многу тежок ден во првата половина затоа што имавме неколку ризични пожари“.
Тој вели дека почвата и вегетацијата сега се влажни, а тоа значи дека барем во следните десеттина дена ќе биде мирен период.