Андоновски: Во нашата визија нема простор за корумпирана држава, за тоа повеќе нема ниту време, ниту пари

DSC09896.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на Конференцијата „Партнерството помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации во борбата против корупцијата”, организиран од Стопанската комора на Северна Македонија и Транспаренси Интернешнл – Македонија.


На настанот Андоновски ги истакна клучните напори на Владата во борбата против корупцијата и важноста на дигитализацијата како ефикасен инструмент за подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

„Нашиот пат кон дигиталната трансформација е јасен и не се откажуваме од него. Како министерство, остануваме посветени на создавање на поефикасни и поодговорни институции. Без одлагање, мораме да продолжиме да работиме во правец на почитување на принципите на владеење на правото, транспарентноста, и борбата против корупцијата”, истакна Андоновски.

Тој посочи дека во визијата на Владата нема простор за корумпирана држава, нагласувајќи дека за тоа повеќе нема ниту време, ниту пари, а најмалку луѓе за трошење.

Министерот објасни дека дигиталната трансформација има ефект во два значајни дела – превенција и комуникација на институциите. Преку иницијативата Смарт МК, досега се додадени над 80 нови електронски услуги на националниот портал, при што е забележан импресивен раст од 152% во нивното користење од страна на граѓаните.

„Имаме потенцијал заедно да создадеме нова култура на дигитална транспарентност, култура која не само што ќе го намали просторот за корупција, туку и ќе ја зголеми довербата во институциите. За да ги постигнеме овие цели, мора да продолжиме да инвестираме во дигиталната инфраструктура и во образованието на граѓаните”, нагласи Андоновски.

Додаде дека со водењето на процесите дигитално се гарантира транспарентност преку електронски потпис, електронски документи со поголема точност и побрз пристап до услуги. Кога сите процеси се автоматизирани и дигитализирани, шансите за манипулации и злоупотреби значително се намалуваат, што води кон поодговорно и потранспарентно општество.

Настанот се одржа во рамките на Светскиот ден за борба против корупцијата и беше во целосна согласност со заложбите на министерството за дигитална трансформација да се создаде отворен и одговорен систем кој ќе ја намали можноста за корупција преку дигитализација и транспарентност.

Во рамките на настанот се разгледаа и можностите за подобрување на соработката помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓанските организации, со цел поголема ефективност во борбата против корупцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK