Андоновски од Смилево: Историските чекори не се прават кога е лесно, туку кога е неопходно


526658550_1322209103244846_2254192768726430536_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ја предводи владината делегација во Смилево, која е во состав од заменикот министер за финансии Николче Јанкулоски и заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, каде положија свежо цвеќе на неколку локации во Смилево по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката – Илинден.


Министерот Стефан Андоновски се обрати и на традиционалната илинденска прослава во паркот “Даме Груев”.

„Денес сме овде, во Смилево – местото каде што минатото е жив организам. Место каде што секој камен зборува, а секоја педа од земјата сведочи за борбата, визијата и жртвата на оние кои пред 122 години го поплочија патот на македонската државност. Смилевскиот конгрес и Илинденското востание не настанале во време на просперитет, туку во време на репресија, сиромаштија и поделби. И токму затоа храброста на Илинденците е и поголема. Тие не чекале идеални услови – тие ги создале условите преку дејствување, преку организација, преку солидарност“, порача во своето обраќање министерот Андоновски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK