Алиу: Решенијата постигнати во „Отворен Балкан“ од дигитален аспект ќе бидат искористени за Берлинскиот процес

aliu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Берлинскиот процес е процес кој ги вградува сите шест земји од Западен Балкан и сето она што е корисно од соработката во „Отворен Балкан“ од дигитален аспект ќе бидат искористено и за Берлинскиот процес. Ценам дека Берлинскиот процес е тој еко систем, во кој што ние треба многу да инвестираме и како земја и како регион се со цел да имаме успешна дигитална трансформација.

Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу прашан за проектите во сферата на дигитализацијата во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, на заедничката прес – конференција со неговиот црногорски колега, министерот за јавна администрација Мараш Дукај по потпишувањето на Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност.


-Ние рековме и заедно со колегата, на состанокот, дека дигиталната трансформација без успешно имплементирање и комуницирање со земјите ќе биде локална и освен решенија на локално ниво нема како регион да бидеме визибилни. Така што, јас сум за Берлинскиот процес како таков, и затоа реков дека цело е кога има се. „Отворен Балкан“ е процес во кој се активни неколку земји и во тој период ние имавме некои решенија од дигитален аспект. Во тие решенија се надевам дека ќе ги вклучиме и другите земји коишто не беа дел од тој процес за да може истите да се искористат за Берлинскиот процес, рече Алиу.

На прашањето дали може да очекуваме Црна Гора наскоро да пристапи на иницијативата „Отворен Балкан“, Дукај одговори дека за Подгорица Берлинскиот процес е приоритетен.

-Ние во Црна Гора ја поддржуваме секоја соработка на земјите во регионот, и без таа соработка не можеме да успееме. Значи, ние прво мора да ги завршиме нашите домашни задачи, да имаме одлична комуникација и да го продолжиме и натаму патот кон ЕУ. За нас во Црна Гора Берлинскиот процес е приоритет и во овој момент не размислуваме за други процеси кои се однесуваат на „Отворен Балкан“. Така што, треба да се фокусираме на тоа што е и функционално и коешто е во склад со сите процеси и каде што сите земји на Западен Балкан се во тој процес, рече Дукај. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK