Алиу ги отфрла критиките за предизборни вработувања: Тие не се нови вработувања, тоа се луѓе кои биле привремено вработени

Алиу-ги-отфрла-критиките-за-предизборни-вработувања-Тие-не-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според одлука на Владата, сите вработувања коишто се со години, се дел од институциите, а се со карактер на привремени вработувања, да се најде начин како може истите, ако има потреба од институциите да бидат префрлени и да бидат неопределено вработени, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу за новите вработувања во институциите.



„Тие не се нови вработувања, туку се вработувања на луѓе коишто преку агенциите беа дел од тие институции. Со новите закони, од 2025 година, нема да може да има вработувања преку агенција за привремени вработувања. 2024 година ќе биде година на оптимизација на човечките капацитети во сите институции според новите закони“, рече Алиу.

Тој ги отфрла критиките дека ова се предизборни вработувања.

„Процесот е отворен, за да немаме вакви критики, не се донесе одлука директно истите луѓе кои со години работат да се префрлат од определено на неопределено, туку процесот е отворен и сега може да конкурираат и луѓе кои не се дел од тие институции“, рече министерот.

Како што објасни Алиу, со новиот закон, на почеток на годината до МИОА се доставува годишен план и систематизација, според кој има предлог буџет за таа институција.

„Кога има буџетирана ставка за вработувања и годишен план, вие како менаџер, менаџирате со човечкиот фактор, во кој период каков профил ви треба“, одговори министерот на новинарското прашање, за тоа дека Министерството за финансии нема да дава согласност туку институциите сами решаваат за вработувањата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK