Алијансата за Албанците: Директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од Таравари, отпушти 18 Албанци

taravari1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Честитки за Арбен Таравари, откако ги намали Албанците во Балансер, сега преминува на акција. „Македонија повторно твоја“. Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот во Балансер, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари“, велат од Алијанса за Албанците.


„Денеска за жал беше објавено дека директорот на Клиниката за токсикологија, поставен од самиот Таравари, отпуштил 18 Албанци. Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина.

Го повикуваме Таравар и коалицијата ВЛЕН да престанат со оваа сервилност сега веќе со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова делувањето што толку помпезно ја најавија и промената што им ја ветуваа на Албанците во кампањата. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски „Македонија повторно твоја“!“, се додава во соопштението на Алијанса за Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK