Алијанса за Албанците: „Како се чувствува Таравари кога терористите на 27 април ги гледа слободни и по емисии како херои“

thumbnail_FB_IMG_1723442381076.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Нелегитимната моноетничка власт дополнително ја зајакнува својата регресивна, антиалбанска политика во одбрана на криминалот и македонскиот национализам. Не задоволувајќи се само со ослободувањето на терористите од 27 април 2017 година, докажано и со судска одлука како такво, сега за нив започна процесот на рехабилитација“, велат од Алијанса за Албанците.


„Само неколку дена откако директорот на санкции донесе одлука да ги ослободи, дел од нив сега се промовираат во ТВ емисии како жртви, па дури и како херои.

Јавно го прашуваме Арбен Таравари како се чувствува сега со постапките на неговиот пријател, директорот на санкции, кој ги ослободи осудените од 27 април, напаѓачите на Зијадин Села, кој токму во тоа време го направи Таравари, првично министер за здравство, два мандати градоначалник и на крајот претседател на партијата.

До каде ќе оди неговата и сервилноста на коалицијата на која припаѓа?

Сега е јасно за јавноста зошто е формиран Европскиот фронт, зошто Албанците се здружија заедно со другите етнички заедници во земјава, за да се спротистават на моноетничката бура што се нафрли врз сите други заедници од пред парламентарните избори“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK