Албански опозициски фронт: Дали и кажавте на Фон Дер Лајен за авантурата за враќање на Груевски?

Албански-опозициски-фронт-Дали-и-кажавте-на-Фон-Дер-Лајен.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот опозициски фронт ја поздрави посетата на Претседателката на Европската Комисија, Фон Дер Лајен која, како што велат, ги вложува сите напори за забрзување на целосната интеграција на Северна Македонија во ЕУ.



Велат, дека со особено внимание ги слушнале нејзините пораки за неопходноста од коренити внатрешни реформи во сите сфери, со фокус на справување со високата корупција и во целина ги делат нејзините препораки.

Како што велат, тоа се и нивните заложби кои ги повторуваат во континуитет и за кои нудат „ефикасни решенија и политики“.

„Денес сме овде пред Владата, бидејќи знаеме дека најголемиот проблем за нашето полноправно членство во ЕУ, седи овде, во овој објект. Затоа, денес ја користиме приликата да ги поставиме следните прашања:

Дали и кажавте на Г-ѓа Фон Дер Лајен за авантурата за враќање на Груевски? И објаснивте ли дека главната лажна надеж за ЕУ стана политичарот кој најмногу ја оддалечи земјата од ЕУ додека беше Премиер? Дали и објаснивте дека всушност ДУИ е откажан од уставните измени? Дали и кажавте дека единствениот фокус на ДУИ е преку враќањето на Груевски да се обиде да обезбеди пазар со ВМРО-ДПМНЕ каде на маса ги става и пратениците на СДСМ? Дали дозна Г-ѓа Фон Дер Лајен дека ДУИ бара концентрациона Влада после парламентарните избори за да го зачува нелегално стекнатиот капитал?

Измените на Кривичниот Закон кои овозможија амнестија за многу поранешни функционери преку злоупотреба на ЕУ знаме е најдобра потврда дека ДУИ ги злоупотребува европските интеграции како параван за остварување на лични бизнис и тесно партиски интереси“, рече Башким Хасани, Албански опозициски фронт.

Од таму додаваат дека Албанците никогаш нема им го простат ова кокетирање на ДУИ со Никола Груевски кој, како што велат, на нашиот народ му нанесе големо зло.

На изборите кога и да се одржат следи казна за ДУИ, додава Башким Хасани, Албански опозициски фронт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK