Албанската опозиција следната недела ќе ја официјализира соработката за избори

Албанската-опозиција-следната-недела-ќе-ја-официјализира-соработката-за-избори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Партиските тела на партиите кои го сочинуваат Албанскиот опозициски фронт Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење следната недела се очекува да донесат одлуки за официјализирање на соработката за претстојните избори.


Албанскиот опозициски фронт исто така ги отвора вратите за приклучување кон овој блок интелектуалците, невладините организации и другите субјекти и сите што сакаат промени во Северна Македонија.

Односно, во наредните денови телата на секоја наша партија ќе одржат интерни состаноци на кои се очекува да се донесат важни одлуки, како онаа за подготвеност и официјализирање на соработката меѓу опозициските партии, вклучително и одлуката за име, лого и така натаму.

Следствено, од следната недела ќе може да се официјализира коалицијата на опозициските партии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK