Ахмети не се откажува од Груби, вели дека ако се докаже вина Артан самиот ќе се повлече од партијата бидејќи е совесен

grubi-i-ahmeti.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети не планира да го отстрани од партијата неговиот најблизиок соработник, Артан Груби, кој се најде на црната листа на САД поради корупција.


Ахмети од пред Уставниот суд во Скопје, изјави дека Груби има право на жалба и ќе го води процесот насочен со факти, а тоа во оваа фаза не може да и наштети на ДУИ, ниту пак, на неговото семејство.

Ако биде утврдена вина, Ахмети  е сигурен дека Груби самиот ќе се повлече од партиските функции бидејќи е совесен и одговорен.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во корупција, а забрана за влез во САД добија и членовите на нивните семејства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK