Ахмети му напиша писмо на Рама: „Ве повикувам на заедничка акција за заштита на Охридскиот договор“

ahmeti-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во писмо до албанскиот премиер, Еди Рама, напиша дека поради најновите политички и уставни случувања се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор.


Ахмети во писмото вели дека Уставниот суд планира да ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, а зборува и за одлука за забрана на идентификацијата на етничката припадност на граѓаните во државните институции . Ахмети се осврнува и на последните избори, коментирајќи дека бил прекршен основниот принцип на Охридскиот договор, кој бара формирање на политичко мнозинство врз основа на праведната застапеност на етничките заедници.

Првиот човек на ДУИ, понатаму вели дека ова биле три големи удари врз темелите на Охридскиот договор и кои претставуваат сериозна закана за мирот, стабилноста, меѓуетничката хармонија и мултиетничката демократија.

„Овие не се само внатрешно политички прашања, туку имаат сериозни последици за регионот и неговата стабилност. Овие интервенции ја загрозуваат основата на мирот и еднаквоста, враќајќи нè во условите пред 2001 година, кои беа причина за кризата и војната од таа година“, вели Ахмети.

Тој го повика Рама на заедничка и решителна акција за, како што рече, заштита на достигнувањата на Охридскиот договор и загарантираните права на Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK