Адвокатите на Палчо за време на убиството на Вања тврдат дека тој бил во банка


palco-1170x1170-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.


Адвокатот на  Љупчо Палевски покажа уплатница од Халк банка од 27.11.2023, две фотографии, скриншот од Фејсбук, скриншот од Телеграм, отпусно писмо од „Аџибадем Систина“ од 16.07.2020, ургенција до Телеком од 16.09.2024 година. Тој го повлече барањето до Улици и патишта од 20.08.2024 за движењето на возило „фиат добло“, бидејќи добиле одговор од јавното претпријатие дека не чуваат записи повеќе од 30 дена. Со ова адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се обидоа да му прикажат алиби на својот клиент за времето на убиството на Вања.

– Баравме запис од надзорните камери на Халк Банка од 27.11.2023 за периодот од 10 до 12 часот за да утврдиме кога Палевски влегол во Банката. Доставуваме уплатница за извршена уплата од Палевски во 11.40 часот. Палевски два пати се враќал во Банката, во експозитура Буњаковец, на Партизански одреди, поради уплатницата, рече адвокатот на Палевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK