Адеми: Наш приоритет е зачленувањето во ЕУ

Адеми-Наш-приоритет-е-зачленувањето-во-ЕУ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Комисијата за европски прашања,г. Арбер Адеми, имаше свое обраќање на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, во организација на Советот на Европа во Собранието на Република Северна Македонија.


Во вакви констелации,тој рече, дека особено е важно ЕУ да не го изгуби фокусот на Западен Балкан и дека треба да дејствува како кохезивна регионална сила, и да не ја одлага интеграцијата на делови од сопствениот географски регион.

Во контекст на новите геополитички реалности,Адеми, нагласи дека Северна Македонија се залага за зачувување на мирот и стабилноста во ЗБ, преку забрзувањето на евро-атлантските и евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан,кои се наши приоритетите во надворешната и безбедносната политика.

Како земја-кандидат во Европската унија и членка на Советот на Европа, Адеми посочи дека, за нас е важна улогата на Советот на Европа,во евроинтегративниот процес, пред се, во однос на усогласување на нашиот правен и политички систем со европските стандарди, како и за зајакнување на владеењето на правото и заштитата на човековите права во нашата земја.

За Европската политичка заедница истакна дека ја гледа, како нов форум за дијалог на високо ниво за европските геостратешки прашања,но и како платформа, која им дава можност на земјите од Западен Балкан да ја подобрат регионалната соработка, и да ги споделат најдобрите практики. Но, нагласи Адеми, за нас останува да биде прв и најважен надворешнополитички приоритет – полноправното членство во ЕУ.

Поради тоа, како оптимистички го оцени позитивниот моментум за понатамошни проширување на ЕУ, по најавите на Шарл Мишел на последниот самит на земјите ЕУ членки во Гренада, дека останува на зацртаниот рок за проширување на Унијата до 2030 година со земјите од Западен Балкан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK