Бујаре Абази од Коалицијата Вреди на пред-конференција изнесе нови обвинувања поврзани со раководењето на кадрите на ДУИ во претходниот мандат.
Абази изјави дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание. Во мрежата на главниот извршител Артан Груби, рече Абази, се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење.
„Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери“, рече Абази.
Коалицијата Вреди верува дека не е случајно што токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири имала најповолни понуди за да ги добива тендерите.
„Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста. Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта“, рече Абази.
Коалицјата „Вреди“ најави дека и утре ќе продолжи со изнесување на нови информации поврзани со претходното раководство на Интегративците.