76 лица санкционирани во текот на вчерашниот ден, возеле без возачка дозвола


234-санкции-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи се вклучи во едукативниот проект на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ кој што, согласно веќе подготвената динамика ќе се реализира до крајот на учебната година за учениците од прво до четврто одделение во низа основни училишта на територијата на државата.


Се планира во наредниве месеци, почнувајќи од завчера, полициските службеници во соработка со РСБСП да посетат преку педесетина основни училишта во државава пришто преку практични предавања децата ќе ги учат основните сообраќајни правила и прописи, а дополнително во контекст на кампањата веќе се подготвени и испечатени околу 7.000 сообраќајни буквари и боенки за децата, извести МВР.
Всушност потребата за рана едукација ја поткрепуваат и полициските статистички податоци, велат од МВР.

Имено, вчера во полициските сообраќајни контроли низ патиштата во земјава беа евидентирани дури 186 сообраќајни прекршоци од страна на пешаци, што во извесна мера секако говори за нивото на сообраќајна култура и одговорност. Секако, и натаму предничнат прекршочните пријави по основ на непочитување на брзина на движење – 224, и непрописно паркирање – 285, додека пак по основ на неносење сигурносен појас регистирани биле – 43 прекршоци, а за говорење на мобилен телфон при движење (возење) – 40 прекршоци.

Во рамки на вчерашните вкупно издадени 1039 платни нализи, евидентирани се и 76 случаи на управување на возило без возачка дозвола. Во осум случаи возачи минале на црвено светло а во четири случаи од сообраќај се исклучени алкохолизирани возачи. Исто така согласно Законот за возила евидентирани се 20 возила кои што биле нерегистирани, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK