Студентите кои ќе ја искористат можноста за рани уписи на Хајделберг факултетот во Скопје, добиваат 600 евра попуст на вкупната школарина.
Дополнителни 600 евра попуст се добиваат на вкупната школарина за однапред извршена уплата за првата година.
Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција во која се добива посебно германска диплома. Студирањето овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија. Преку овој комбиниран модел студентите се стекнуваат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави.
Уникатниот модел на Хајделберг обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди, а во ваквата едукативна програма студентите ги користат придобивките од двата образовни системи, со посебен акцент на германското искуство во завршната година од студиите.
Идните студенти може да бираат меѓу две студиски програми – Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки.
Раните уписи се во март и април, а официјалните уписи започнуваат во мај.
За повеќе информации и за начинот на пријавување, може да се посети веб-страницата на Хајделберг, а идните академски граѓани можат да се информираат и на телефонскиот број 070 355 656 или преку електронската пошта info@heidelberg.edu.mk.